Како да започнете како фриленсер Последно ажурирање пред 3 месеци
Водич чекор по чекор како да започнете како фриленсер.
Впишувањето на податоци е задолжително на кирилица. Во спротивно, профилот, услугата или проектот нема да бидат одобрени од страна на нашите администратори за контрола и квалитет.
Чекор 1: Креирање на профил
- Кликнете на копчето "Регистрација" во горниот десен агол.
- Внесете ја вашата е-пошта или поврзете се преку Google или Facebook.
- Пополнете ги потребните информации и креирајте корисничко име и лозинка.
- Потврдете ја вашата е-пошта преку линкот што ќе го добиете на вашата е-пошта.
Чекор 2: Поставување на вашиот профил
- Најавете се на вашиот ново креиран профил.
- Одете во делот "Профил".
- Пополнете ги вашите лични информации, вклучувајќи кратка биографија, фотографија, и вештини.
- Поставете професионална слика и напишете краток опис за себе.
- Верифицирајте го вашиот идентитет.
Чекор 3: Креирање на вашата прва услуга
- Кликнете на "Премини како понудувач" од профил менито, а потоа "Услуги" или
- Кликнете на копчето "Креирај услуга" од главното мени.
- Пополнете ги сите полиња.
- Додадете дополнителни опции за услугата ако сакате да понудите различни пакети.
- Опишете ги вашите услуги детално, вклучувајќи ги сите специфики и што клиентите ќе добијат.
- Поставете рокови за испорака.
Чекор 4: Додавање на галерија и насловна слика на услугата
- Додадете фотографии, видеа или PDF документи кои го прикажуваат вашиот труд или услуга.
- Поставете видео кое ја објаснува вашата услуга (опционално, но препорачливо).
Чекор 5: Преглед и објавување
- Прегледајте ги сите информации и направете последни измени ако е потребно.
- Кликнете на копчето "Објави" за да ја креирате вашата услуга и испратите на одобрување
- По одобрување на услугата од страна на нашите администратори, услугата ќе биде видлива за потенцијалните клиенти.
Чекор 6: Промоција и комуникација
- Споделете ја вашата услуга на социјалните мрежи и други платформи за да привлечете повеќе клиенти.
- Одговарајте на пораките и барањата од клиентите брзо и професионално.
- Остварувајте ги проектите на време и испорачувајте професионална услуга за да добиете добри оценки и препораки.
Чекор 7: Постепено надградување
- Работете на подобрување на вашиот профил и услугите базирано на повратните информации од клиентите.
- Додајте нови услуги според вашите вештини и интереси.
- Вклучете дополнителни опции (Add-ons) и специјални понуди за да привлечете повеќе клиенти.
Со следење на овие чекори, ќе бидете подготвени да започнете успешно како фриленсер на Workplace и да го развивате вашиот бизнис.
Среќно!