ПЛАТФОРМАТА Е ВО РАЗВОЈ. ПОСЕТЕТЕ НЕ НАСКОРО...

Кориснички нивоа за понудувачи Последно ажурирање пред 4 месеци

Нашата платформа обезбедува различни нивоа на корисници кои се дизајнирани да го одразат нивото на искуство, вештини, оцени и препораки на корисниците. Секое ниво носи со себе одредени предности и можности, како и критериуми за напредување на следното ниво.


За да ви помогнеме да блеснете во очите на потенцијалните клиенти, создадовме кориснички нивоа за корисниците кои се понудувачи на услуги. Ги дизајниравме овие нивоа за да го истакнеме вашиот докажан талент и стручност.


Еве ги основните кориснички нивоа, а се однесуваат на понудувачите на услуга:


1. ПОЧЕТНИЧКО НИВО


Корисниците на ниво Почетник се ново регистрирани корисници на платформата и допрва започнуваат да создаваат своја репутација. Овие корисници:


  • Имаат ограничен пристап до проекти со висока конкуренција.
  • Потребно е да комплетираат основни задачи и да соберат позитивни препораки за да преминат на следното ниво.
  • Добиваат пристап до почетни ресурси и водичи за успешен старт.


2. СРЕДНО НИВО


Корисниците на Средно ниво имаат но не доволно искуство и успешни проекти зад себе. Овие корисници:


  • Имаат поголем пристап до проекти со средна сложеност.
  • Потребно е да покажат конзистентност во квалитетот на работата и комуникацијата со клиенти за да напредуваат.


3. НАПРЕДНО НИВО


Корисниците на Напредното ниво се веќе докажани професионалци со солидна препорака на платформата. Овие корисници:


  • Имаат пристап до ексклузивни проекти и конкурси со високи награди.
  • Добиваат приоритетна поддршка од тимот на платформата.
  • Потребно е да одржуваат високи стандарди на квалитет и да го прошируваат своето портфолио со иновативни проекти.


4. ЕКСПЕРТСКО НИВО


Експертите се врвни професионалци кои уживаат висок углед и доверба на платформата. Овие корисници:


  • Имаат пристап до најпрестижни и комплексни проекти.
  • Добиваат ексклузивни можности за менторирање и соработка со големи компании.
  • Потребно е да одржуваат извонреден квалитет на работа и постојано да иновираат во својата област.



Нивото на корисникот не само што ја одразува неговата компетентност и професионализам, туку и овозможува поголеми можности за развој и успех на фриленс платформата. Со залагање, посветеност и континуирано учење, секој корисник може да го достигне највисокото ниво и да ги искористи сите бенефиции што ги носи тоа.



КРИТЕРИУМИ ЗА НИВО


Ново регистрираните корисници го започнуваат своето патување како „нови“. Од оваа почетна точка, напорната работа на новите корисници може да ги поттикне за напредување на следното ниво според зададени критериуми.

Погледнете ја табелата подолу за детали за барањата за подобност на секое ниво.