ПЛАТФОРМАТА Е ВО РАЗВОЈ. ПОСЕТЕТЕ НЕ НАСКОРО...

Како функционира платформата Последно ажурирање пред 5 месеци

Зголемувањето на економијата на хонорарни работници доведе до пораст на бројот на фриленсери во работната сила. На секои 1000 жители во Северна Македонија ќе пронајдете 3,41 фриленсери. Во оваа статистика Северна Македонија заостанува единствено зад Србија која има 3,52 фриленсери на 1000 жители.


Во апсолутни бројки Македонија има 7 155 регистрирани фриленсери и 1 583 активни фриленсери.


Со зголемениот број на фриленсери, се зголеми и потребата за платформа која ги поврзува фриленсерите со потенцијалните клиенти.


Workplace е интегрирана онлајн платформа која нуди простор за среќавање помеѓу фриленсери и клиенти, креирајќи едноставен и ефикасен начин за соработка и извршување на проекти. Еве како функционира:


Регистрација и креирање на профил


Фриленсерите и клиентите се регистрираат на платформата со креирање на свој профил. Во профилот, фриленсерите го прикажуваат своето искуство, вештини и портфолио, додека клиентите опишуваат своите проекти и бараат потребни вештини.


Пребарување и преглед на услуги


Побарувачите на услуга имаат пристап до активни услуги објавени од фриленсерите каде можат да ги пребаруваат според нивните потреби. Фриленсерите објавуваат детални описи за услугите, вклучувајќи буџет и временски рамки за изработка.


Пребарување и преглед на проекти


Фриленсерите имаат пристап до листа на активни проекти каде можат да ги пребаруваат и анализираат проектите според нивните интереси и вештини. Клиентите објавуваат детални описи за проектите, вклучувајќи буџет, временски рамки и барани вештини.


Аплицирање и избор на фриленсери


Фриленсерите аплицираат за проекти со праќање на своите предлози и портфолиа. Клиентите ги прегледуваат апликациите и ги избираат најдобрите фриленсери за нивниот проект.


Комуникација и соработка


Откако клиентите ќе изберат фриленсери, комуникацијата започнува преку вградениот систем за комуникација. Фриленсерите и клиентите соработуваат за да го дефинираат проектот, да ги постават очекувањата и да го следат процесот.


Безбедносно плаќање


Откако проектот е завршен, клиентот го извршува плаќањето преку платформата, каде се применуваат безбедни методи за пренос на средства, а платформата зема провизија од плаќањето. Оваа провизија може да се движи од 5% до 20%, во зависност од алгоритмот на ниво на корисници.


Оценување со препорака


Платформата содржи и модул за оценување и препораки, каде клиентот и фриленсерот се оценуваат еден со друг со цел да се овозможи повеќе доверба и да се креира повеќе успешни соработки во иднина.


Поддршка и ресурси


Workplace нуди поддршка за корисниците преку тим на советници и образовни ресурси, како и преку заедница на фриленсери каде може да се споделуваат искуства и да се добиваат совети за успех.


Со оваа интегрирана платформа, Workplace ги олеснува процесите на наоѓање на работа, соработка и плаќање за фриленсерите и клиентите, создавајќи простор за успешни и задоволни соработки.