Услови за користење Последно ажурирање пред 6 месеци
Корисници на WORKplace.mk
Корисници на сајтот може да бидат полнолетни физички лица или компании. Физичките лица се зачленуваат со е-пошта или Google сметка и доколку за забележи злоупотреба со лажни податоци сметката ќе биде избришана.
Објавување на услуги и проекти
Услугите или проектите ги објавуваат само физичките лица и Компаниите кои се зачленети на Платформата. Објавувањата треба да ги запазуваат позитивните законски норми а ПРОЦЕС ИН може да ги измени или отстрани без претходна најава.
Информациите - Кратки биографии на корисниците
Информациите кои корисниците ги прикачуваат на платформата WORKplace.mk, или пак ги внесуваат, се видливи само за нив и за компаниите каде корисникот дал дозвола да се видливи. Доколку корисникот ја затвори сметката, сите податоци ќе бидат уништени/избришани.
Бришење на профил и кориснички податоци
Бришењето на профил креиран на WORKplace.mk и сите кориснички податоци поврзани со него како и логови, се прави со пишување на „Барање за бришење на профил“ на info@WORKplace.mk од истата е-пошта од кој е креиран профилот.
Сопствена одговорност на содржината
Содржината која Корисниците ја внесуваат на платформата мора да биде вистинита и сопствена.
WORKplace.mk го задржува правато за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на објавите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај корисниците.
WORKplace.mk не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување.
Бришење на содржина
Корисникот може во било кое време сам да ја избрише содржината (оглас или др.) што ја има објавено на WORKplace.mk.
Недопуштени содржини
Освен, забранетите содржини со закон, недозволиво е објавување со следнава содржина:
- Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи, продавници за е-трговија, аукции на интернет.
- Очигледно несериозни и недоволно опишани огласи за работа.
- Натпревари, обложувања од секаков вид, вклучително и лото и други игри на среќа.
- Кредити, заеми и финансиска поддршка без целосен податок за домашната адреса на кредитната институција.
- Инвестиции, хартии од вредност, особено акции.
- Платени телефонски броеви како и СМС услуги.
- Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази.
- Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини.
- Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.
- Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.
- Понуди за проституција.
- Контакт огласи во име на трета страна.
- Платени телефонски услуги или упатување на комерцијални еротски страници.
- Листи, папки или сл. кои ја содржат адресата на производителот, трговецот или снабдувачот.
- Услуги или проекти на странски јазик без македонски превод.
- Повеќекратно објавување оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики.
- Огласи/предмети од различни категории/индустрии во еден оглас.
- Линкови кои не се поврзани со огласот/предметот на огласување.
- Сликите не смеат да содржат лого од компанија, телефонски број, веб страница и друга содржина која може да се толкува како маркетинг.
- Слики за кои корисникот нема авторски права.
Услуги или проекти кои не се во рамките нa правилата на WORKplace.mk и услуги или проекти кои не се не во рамките во согласност со законски прописи во Република Северна Македонија нема да бидат објавени.
Недопуштени предмети
Недопуштени предмети како за понуда, така и за побарувачка се:
- Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти.
- Лекови кои се издаваат на рецепт, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани.
- Дроги и стимуланти во рамките на законските прописи.
- Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето.
- Човечки органи, крв и други телесни течности, како и носена долна облека.
- Оружје во поглед на законот на оружје, особено огнено оружје и оружје за сечење и прободување од било кој вид, како и муниција.
- Службени униформи и пасоши од безбедносни области.
- Продукти со ознаки на противуставни организации.
Авторизирање на WORKplace.mk за преземање на содржини
За да не објавува ист оглас на повеќе различни сервиси за огласување, корисникот може да ја авторизира WORKplace.mk да презема негови огласи кои се објавуваат на други веб сајтови за огласување, притоа корисникот гарантира дека огласите поврзани со неговата сметка се во согласност со Правилата на приватност на WORKplace.mk и дека содржината е авторски негова (текст, слики и сл.). Корисникот во било кој момент може да ја прекине оваа опција.
Контакт преку Платформата
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.
Наплата / Услови и правила на продажба
Цените на сите услуги објавени на платформата WORKplace.mk се во денари. Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратена е-пошта на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.
Купувањето (наплатата) може да се оствари преку банкарска трансакција или електронски со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер УНИ Банка.
Уплатените средства не се враќаат, но може да се пренаменат за друга услуга во иднина доколку навремено реагирате во наредните 30 минути.